НА МАТКА ИМА ДВЕ НЕСТАБИЛНИ КАРПИ, АКО ГИ УРНЕМЕ НЕ СЕ ЗНАЕ КАДЕ МОЖЕ ДА ПАДНАТ, КАЖА АНГЕЛОВ

    НА МАТКА ИМА ДВЕ НЕСТАБИЛНИ КАРПИ, АКО ГИ УРНЕМЕ НЕ СЕ ЗНАЕ КАДЕ МОЖЕ ДА ПАДНАТ, КАЖА АНГЕЛОВЦУК и ЕВН Електрани побарале од Градежниот факултет да биде изработена програма со мерки и дејствија кои треба да бидат преземени за да се отстрани опасноста.(Фото: Принтскрин ЦУК)

    На кањонот Матка постојат две нестабилни карпи, кои од Комисијата за брани се оценети како загрижувачки, кажа директорот на Центарот за управување и кризи Стојанче Ангелов. На денешната прес-конференција Ангелов кажа дека со ЕВН Електрани побарале од Градежниот факултет да биде изработена програма со мерки и дејствија кои треба да бидат преземени за да се отстрани опасноста.

    Врз основа на таа програма треба да се изработи проектна програма која детално ќе го уреди начинот на кој ќе биде отстранета опасноста и врз основа на тоа ЕВН Електрани ќе треба да распише тендер. Размислувањата одат во две насоки, едната е карпите да бидат стабилизирани на местото каде што се наоѓаат со специјални механизми што ќе бидат прицврстени на карпата. Втората варијанта е контролирано рушење, но многу е тешко да се предвиди траекторијата на движење на карпите што би паднале“, рече Ангелов.

    На втората нестабилна точка, од ЕВН Електрани е ангажирано лице алпинист кој има поставено уред за мерење на поместувањето на карпата, т.н. тензиометар. Овој уред како што кажа Ангелов мери колку карпата се движи преку ден и ноќе односно при промена на температура бидејќи надворешните влијанија се одразуваат на ваквите карпи.

    С. ПЕТРЕСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира