ИЗЛОЖБАТА НА РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ И МОНИКА МОТЕСКА СЕ ОТВОРА УТРЕ НА 59. ВЕНЕЦИСКО БИЕНАЛЕ

    ИЗЛОЖБАТА НА РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ И МОНИКА МОТЕСКА СЕ ОТВОРА УТРЕ НА 59. ВЕНЕЦИСКО БИЕНАЛЕЈанкулоски и Мотеска ќе се претстават со мултимедијалниот проект „Landscape Experience“ (Фото: Фејсбук)

    Изложбата „Landscape Еxperience” од Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска утре ќе се отвори на 59. издание на Венециското биенале за ликовна уметност како официјален претставник на Македонија. На отворањето ќе се обратат и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Националната галерија на Северна Македонија, Дита Старова-Ќерими. Македонскиот павилјон е сместен на фреквентна локација во објектот „Скуола деи Ланери“.

    Kомесарка на проектот „Landscape Еxperience” е Дита Старова-Ќерими, а кураторки се Ана Франговска (виш кустос во Националната галерија) и Сања Којиќ-Младенов (кустос-советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад).

    „Landscape Experience“ е мултимедијален проект кој вклучува видеоинсталации, објекти и фотографии.

    „На критичко-дискурзивен начин авторите укажуваат на опасностите што демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни“, стои во описот на изложбата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира