ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,7 СТЕПЕНИ ВО БИХ ПОЧУВСТВУВАН И ВО МАКЕДОНИЈА

    ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,7 СТЕПЕНИ ВО БИХ ПОЧУВСТВУВАН И ВО МАКЕДОНИЈАЕпицентарот е близу Љубиње, Република Српска, на 40-тина километри од Мостар. (Фото: принтскрин)

    Силен земјотрес од 5,7 степени ја стресе Босна и Херцеговина вечерва во 23.07 часот, според Геолошкиот топографски институт на САД.

    Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, особено во повисоките згради во Скопје. 

    Епицентарот е близу Љубиње, Република Српска, на 40-тина километри од Мостар. Медиумите од БиХ јавуваат дека земјотресот најсилно се почувствувал во Херцеговина, а во Мостар луѓе излегле на улица во паника.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира