ДВЕ ЕКСПЛОЗИИ УНИШТИЈА АНТЕНИ КОИ ЕМИТУВАЛЕ РУСКО РАДИО ВО ОТЦЕПЕНИОТ МОЛДАВСКИ РЕГИОН ТРАНСНИСТРИЈА

    ДВЕ ЕКСПЛОЗИИ УНИШТИЈА АНТЕНИ КОИ ЕМИТУВАЛЕ РУСКО РАДИО ВО ОТЦЕПЕНИОТ МОЛДАВСКИ РЕГИОН ТРАНСНИСТРИЈАЕксплозиите се случиле во рок од 25 минути (Фото: Министерство за внатрешни работи на Транснистрија)

    Две радиоантени кои емитувале програма на руски јазик се уништени во експлозии во Транснистрија, објави министерството за внатрешни работи на овој отцепен проруски регион во Молдавија.

    „Утрово се случија две експлозии во селото Малак, првата во 6:40, втората во 7:05 часот. Во инцидентите нема повредени жители, но две антени се урнати“, соопшти министерството, кое објави фотографија која прикажува уништени антени.

    Транснистрија е покраина во составот на Молдавија, за која водеше војна со Русија од 1990 до 1992 година и денес функционира како непризната независна република. Таа првпат беше спомната во контекстот на војната во Украина во петокот, кога од руската војска кажаа дека освојувањето на јужна Украина ќе ја доближи Русија до Транснистрија. Русија има свои трупи во оваа област уште од распадот на Советски Сојуз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира