ПРЕКИНАТ ШТРАЈКОТ ВО УЧИЛИШТАТА, СПОРОТ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ СЕ РЕШАВА СО ПОМИРУВАЊЕ

    ПРЕКИНАТ ШТРАЈКОТ ВО УЧИЛИШТАТА, СПОРОТ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ СЕ РЕШАВА СО ПОМИРУВАЊЕСОНК почна со генерален штрајк за повисоки плати на вработените во училиштата и градинките на 11 април. (Фото: Аархивска фотографија)

    Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков попладнево кажа дека го ставаат во мирување штрајкот во училиштата. Тој вели дека тоа им е законска обврска, откако до нив стигнало известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование пристапува кон мирно решавање на колективниот спор со СОНК.

    Министерството определило лице за помирувач и согласно Законот за мирно решавање работни спорови, како што кажа Неделков, штрајкот мора да се стави во мирување додека трае периодот на помирување помеѓу двата спротивставени табора. Тој се надева дека ќе најдат соодветни решенија и ќе нема потреба пак да го активираат  штрајкот.

    СОНК почна со генерален штрајк за повисоки плати на вработените во училиштата и градинките на 11 април. Првата понуда од Владата за покачување на платите од 10 отсто беше одбиена, а втората, за покачување од 12 отсто, беше прифатена од раководството на СОНК, но штрајкот продолжи, бидејќи, според СОНК, мнозинството од членство не ја прифатило понудата.

    Сега, Неделков ги смирува своите членови дека морале според закон да го прекинат штрајкот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира