ОД ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ РЕНОВИРА УРГЕНТНИОТ ХИРУРШКИ ЦЕНТАР, ИТНИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ СЕ ПРИМААТ ВО АМБУЛАНТАТА НА ТРАУМАТОЛОГИЈА

    ОД ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ РЕНОВИРА УРГЕНТНИОТ ХИРУРШКИ ЦЕНТАР, ИТНИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ СЕ ПРИМААТ ВО АМБУЛАНТАТА НА ТРАУМАТОЛОГИЈАРеновирањето ќе трае 1-2 месеца, а пациентите со итна патологија ќе се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиника за трауматологија, што времено ќе се преадаптира во Ургентен центар. (Фото: СДК.МК)

    Од овој викенд ќе почне да се реновира Ургентиот хируршки центар при Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а ова ќе трае еден до најдоцна два месеца, соопшти Министерството за здравство. Од Ургентниот центар ќе функционираат непречено со дежурни тимови во текот на целото деноноќие, но со помал обем.

    Во овој период на реновирање, пациентите со итна патологија ќе се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиника за трауматологија, што времено ќе се преадаптира во Ургентен центар.

    Согласно планот, во случај на зголемен број пациенти за време на реконструктивните зафати во Ургентниот центар, предвидено е сите итни пациенти од Скопје да бидат згрижени во Градската општа болница „8 Септември“, додека пациентите од другите градови ќе одат на хируршки третман во Специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

    Во меѓувреме, во кругот на Ургентен центар ќе има соодветно обележување на патеката на движење со јасно видливи ознаки, како и патека на движење за возилата брза помош до главниот влез на хируршките клиники од страната на Клиниката за стоматологија.

    Исто така, заради обезбедување соодветен транспорт, обезбедено е посебно болничко транспортно возило, кое ќе биде достапно за пациентите на хируршките клиники, по потреба за транспорт до останатите клиники, најчесто до Институт за радиологија (лоцирано на влезот од страната на Клиниката за стоматологија).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира