ТОВАРОТ НА КРИЗАТА ДА ГО ПОДНЕСАТ СИТЕ ИСТО, А НЕ САМО РАБОТНИЦИТЕ, ПОБАРА СИНДИКАТОТ НА ПРВОМАЈСКИОТ ПРОТЕСТ

    ТОВАРОТ НА КРИЗАТА ДА ГО ПОДНЕСАТ СИТЕ ИСТО, А НЕ САМО РАБОТНИЦИТЕ, ПОБАРА СИНДИКАТОТ НА ПРВОМАЈСКИОТ ПРОТЕСТСиндикатот побара линеарно зголемување на платите за 2.806 денари за сите, соодветно за покачувањето на минималната плата. (Фото: К. Попов)

    Најмалку 2.806 денари, колку што е зголемена минималната плата, линеарно зголемување на сите плати во приватниот и јавниот сектор веднаш, вклучително од општ работни до претседател на држава, побара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на првомајскиот протест кој заврши пред Владата.

    Лидерот на ССМ Дарко Димовски кажа дека најстариот и најброен синдикат бара од владата потпишување на општиот колективен договор за јавниот сектор во кој ќе бид регулирано зголемување на платата и враќање на изгубеното право на К-15, а истото го бараат и од Организацијата на работодавачи во приватниот сектор.

    „Бараме товарот на кризата да го поднесат сите исто, а не само работниците, оти се на работ на издржливост“, кажа Димовски.

    Исто така, се бара и скалесто усогласување на платите со порастот на минималната плата, нов закон за работни односи усогласен со европското законодавство, како и здрави и безбедни услови за работа и социјална сигурност, и активно вклучување на Синдикатот во социјалниот дијалог и носење на законодовството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира