30 ГОДИНИ ПО ФИЛМОТ “СРЕЌНА НОВА ’49” ИСТОК НЀ ОТПИША, ЗАПАД НЕ НЀ ЗАПИШУЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    30 ГОДИНИ ПО ФИЛМОТ  “СРЕЌНА НОВА ’49” ИСТОК НЀ ОТПИША, ЗАПАД НЕ НЀ ЗАПИШУЕ

    Со полна сала млада публика, Кинотеката на Македонија вечерва прослави 30 години од излегувањето на “Среќна Нова ’49 година” на режисерот Столе Попов,  најдобриот филм во тогашна Југославија во 1986, и едно од култните дела во современата македонска кинематографија. Вечерва се прикажа новореставрирана копија на филмот, кој е снимен по сценариото на Гордан Михиќ и во продукција на “Вардар филм”, а по проекцијата се поклони дел од оригиналната екипа на филмот на чело со режисерот Попов. Главните актери, Светозар Цветковиќ и Владица Милосављевиќ од Белград не беа во можност да дојдат на свеченоста, но беа прочитани нивните поздрави.

    Во фоајето на Кинотеката, поставена е изложба на прес клипинзи, документи, сценарија и книги на снимање од историјата на “Среќна Нова ‘49”. Меѓу нив е и примерокот од еден од југословенските весници, во кој е објавена, како што велат од Кинотеката, холивудската приказна на “Среќна Нова”.

    Плакатот за еден од култните филмови на македонската кинематографија

    Плакатот за еден од култните филмови на македонската кинематографија

    Филмот во 1987 беше југословенски кандидат за 59. доделување на Оскарите, во категорија за странски филм. Во текстот со наслов “Њујоршката полиција трчаше по нашиот филм”, е раскажана случката со среќен крај од јануари таа година, кога копијата од филмот била украдена од  паркираниот автомобил пред хотелот “Пент” во Њујорк.

    “Спектакулапрана потрага по нашиот филм, за кој пишуваа сите њујоршки весници, заврши по 45 минути, на два блока оддалечени од хотелот, кога двајца њујоршки полицајци, речиси и да се сопнаа на седумте ролни филмска лента , кои крадците ги фрлиле од автомобилот.Ако примерокот од филмот не беше најден, немаше ни да има номинација за Оскар, бидејќи таа е една од двете англиски верзии на филмот.Другата копија е заклучена во сеф на Академијата и се прикажува само на денот кога се носи одлуката и тоа само пред членовите на жирито.Двајцата полицајци, како награда од продуцентот ‘Вардар филм ‘добија седумдневен бесплатен одмор во еден од хотелите покрај Охридското Езеро”, стои во текстот од 1987.

    „Извини Пиги, морално беше", „На гомнарот со гомнарска цевка", „Исток нѐ отпиша, Запад не нѐ запишуе“ се само мал дел од репликите што останаа во секојдневниот речник на генерациите по овој филм; - Сцена од "Среќна Нова '49"

    „Извини Пиги, морално беше”, „На гомнарот со гомнарска цевка”, „Исток нѐ отпиша, Запад не нѐ запишуе“ се само мал дел од репликите што останаа во секојдневниот речник на генерациите по овој филм; – Сцена од “Среќна Нова ’49”

    Во филмот играат Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Петар Арсовски, Мите Грозданов, Душко Костовски, Јовица Михајловски, Гоце Тодоровски, Милица Стојанова и Синоличка Трпкова, а во филмот се појавува и Калиопи. Директор на фотографија е бардот на македонската снимателска школа Мишо Самоиловски, монтажер Лаки Чемчев, а композитор, најпродуктивниот македонски автор на  филмска музика Љупчо Константинов. Светлото е на Петар Богоевски, а тонот на Јордан Јаневски. Сценограф е Никола Лазаревски, а асистент на костимографот е Жаклина Крстевска. Главен продуцент, во тогашна Југославија, во Македонија беше “Вардар филм”, а на овој проект беше Панта Мижимаков. Продуценти беа и “Унион филм” од Белград, “Македонија филм” и “Градски кина”.

    "Среќна Нова '49" во 1987 беше југословенски кандидат за Оскар, во категорија за странски филм, а во новинскиот текст со наслов "Њујоршката полиција трчаше по нашиот филм", е раскажана случката со среќен крај од јануари таа година, кога копијата од филмот била украдена од паркираниот автомобил пред хотелот "Пент" во Њујорк.

    “Среќна Нова ’49” во 1987 беше југословенски кандидат за Оскар, во категорија за странски филм, а во новинскиот текст со наслов “Њујоршката полиција трчаше по нашиот филм”, е раскажана случката со среќен крај од јануари таа година, кога копијата од филмот била украдена од паркираниот автомобил пред хотелот “Пент” во Њујорк.

    Скопската премиера беше на 6 октомври 1986 во тогашното кино “Вардар”, откако на 33. Филмски фестивал во Пула, тогаш најголем југословенски фестивал, триумфираше со Гран при, како и со Златната арена за режија, за сценарио, за споредна улога за Душко Костовски, за музика за Љупчо Константинов, за маска на Радмила Иватовиќ, што  дотогаш беше најголем успех на македонската кинематографија.

    Триумфот на овој филм на смотрата на југословенски играни филмови беше дочекан еуфорично во Македонија, но таа еуфорија од почетокот на неговото прикажување се покажува оправдана и по 30 години.

    Филмот раскажува приказна за распаѓањето на едно семејство во турбулентниот повоен период оптоварен од резолуцијата на Информбирото во 1948, што придонеле до раскинување на врските на Југославија со Советскиот Сојуз. Дејството на филмот започнува во јуни 1948 година кога група југословенски студенти на школување во СССР, по несогласувањата меѓу двете земји се враќаат дома. Во фокусот на филмската драма се двата брата, Драгослав и Коста, во Скопје. Едниот штотуку се враќа од СССР, со својата девојка Вера, а другиот е дел од скопското подземје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира