САД обезбедувале разузнавачки информации кои им помогнале да украинските сили да убијат повеќето од руските генерали кои загинаа во досегашниот дел од инвазијата, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на високи американски функционери.
Помошта во таргетирањето на високи руски офицери е дел од доверливи напори на администрацијата на Џо Бајден да ѝ обезбеди на Украина разузнавачки информации за бојното поле во реално време.
Вашингтон постојано ја известувал Украина за очекуваните движења на руските трупи и за локациите и други детали за мобилните седишта на руската војска. Украина ги комбинирала овие информации со сопственото разузнавање за да изведува артилериски и други напади во кои биле убивани руски офицери.
„Овие информации вклучуваат и очекувани движења на руските трупи добиени од неодамнешните американски проценки за тајниот план на Москва за борбите во Донбас“, кажаа официјални лица.
Украинската војска тврди дека досега убила 12 руски генерали на бојно поле. Од Вашингтон не прецизираа колкумина од нив биле убиени со помош на САД, пишува весникот.