ПУТИН ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА БЕЗ ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ

    ПУТИН ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА БЕЗ ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕПутин на воената парада во Москва по повод 77-годишнината од победата во Втората светска војна. (Фото: Кремљ)

    Говорот на рускиот претседател Владимир Путин на парадата на Црвениот плоштад во Москва по повод Денот на победата помина без големо соопштение, а најголем дел од говорот посвети оправдувајќи ја руската инвазија на Украина, нарекувајќи ја „изнудена, навремена и единственото правилно решение“.

    Зборувајќи пред 10.000 војници, Путин ги повтори познатите ставови за „специјалната воена операција“ во Украина, тврдејќи дека Западот планирал напад на Крим и Москва немала друга опција.

    „НАТО земјите не сакаа да нè слушаат. Тие имаа различни планови и ние го видовме тоа. Тие планираа инвазија на нашите историски земји, вклучувајќи го Крим. Русија даде превентивен одговор на агресијата“, кажа Путин.

    Традиционално, на 9 мај во Москва се одржува голема воена парада по повод победата над нацистичка Германија.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во соопштение по повод Денот на победата кажа дека Украина ќе победи во војната.

    „Ние се бориме за слободата на нашите деца и затоа ќе победиме. Нема да заборавиме што направија нашите претци во Втората светска војна, во која што загинаа над 8 милиони Украинци. Наскоро ќе има два дена на победата во Украина. А некој нема да има ниту еден. Победивме тогаш, ќе победиме и сега. На Крешатук ќе видите победничка парада за Победата на Украина. Нека ви е честит Денот на победата над нацизмот“, вели Зеленски.

    Крешатук е главната улица во Киев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира