НЕМА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ УЧЕБНАТА ГОДИНА ЗА СРЕДНИТЕ ШКОЛИ, ЌЕ ЗАВРШИ НА 10 ЈУНИ

    НЕМА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ УЧЕБНАТА ГОДИНА ЗА СРЕДНИТЕ ШКОЛИ, ЌЕ ЗАВРШИ НА 10 ЈУНИВладата утврди дека има 146 наставни денови во тековната учебна година во средните училишта. (Фото: СДК.МК)

    Учебната година во средните училишта ќе заврши на 10 јуни и нема да се продолжи, одлучи Владата на денешната седница. Според Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта, се утврдува дека има 146 наставни денови во тековната учебна година во средните училишта, односно дека ќе нема продолжување.

    На денешната седница Владата одлучи и да престане ограничување на извозот на масло од сончоглед, согласно состојбата според која тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар и нема потреба да се создаваат вишоци, односно залихи.

    Денеска Владата ги задолжи Министерството за здравство и Министерството за финансии да ги обезбедат неопходните средства за антиретровирусната терапија како составен дел од Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција за 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира