ЗБРИШАН ЦЕЛ РУСКИ БАТАЛЈОН ПРИ ОБИД ДА ПРЕМИНЕ РЕКА ВО ИСТОЧНА УКРАИНА

    ЗБРИШАН ЦЕЛ РУСКИ БАТАЛЈОН ПРИ ОБИД ДА ПРЕМИНЕ РЕКА ВО ИСТОЧНА УКРАИНАНа снимиките од дрон се гледаат над 70 уништени руски тенкови и други борбени возила. (Фото: Украинска армија)

    Цел руски баталјон беше уништен откако се обиде да ја премине реката Сиверски Донец во источна Украина преку понтонски мост, според британското воено разузнавање.

    Руските сили го почнаа обидот да ја преминат реката на 8 мај, пренесувајќи две единици со војници и 30 возила, вклучувајќи тенкови и оклопни транспортери, според украинскиот портал „ИнформНапалм“. Веднаш штом Русите ја преминаа реката, украинската армија го уништи понтонскиот мост.

    Руските сили претрпеа тешки загуби и многумина од војниците се обидоа со пливање да се вратат на другиот брег, но украинската војска отвори оган по нив.

    Над 70 руски тенкови и други борбени возила се уништени како резултат на неуспешниот обид да се премине реката, според снимките од дрон од местото, а Украина тврди дека над 1.000 руски војници се загинати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира