УКРАИНЦИТЕ КАЛУШ ОРКЕСТРА ПОБЕДИЈА НА ЕВРОВИЗИЈА СО „СТЕФАНИЈА“

УКРАИНЦИТЕ КАЛУШ ОРКЕСТРА ПОБЕДИЈА НА ЕВРОВИЗИЈА СО „СТЕФАНИЈА“„Стефанија“ на Калуш Оркестра освои убедливо најмногу гласови од телевоутинг. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

Украина победи на 66. издание на Изборот за песна на Евровизија, во Торино, Италија.

„Стефанија“ на Калуш Оркестра освои убедливо најмногу гласови од телевоутинг и го прескокна на првото место Британецот Сем Рајдер со „Спејс Мен“, кој имаше најмногу гласови од жирито.

„Ве молиме помогнете ѝ на Украина, на Мариупол. Помогнете му на Азовстал веднаш“, кажа пејачот Олех Псиук на сцената по настапот на неговиот бенд.

Ова е трета победа на Украина на Евросонг.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира