НЕМА ГАРАНЦИИ ДЕКА ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ ЗА ЕМБАРГОТО НА РУСКАТА НАФТА, ВЕЛИ БРИСЕЛ

    НЕМА ГАРАНЦИИ ДЕКА ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ ЗА ЕМБАРГОТО НА РУСКАТА НАФТА, ВЕЛИ БРИСЕЛУнгарија прва се изјасни дека нема да го поддржи ембаргото (Фото: АП)

    Шефот за надворешната политика на ЕУ, Хосеп Борел, изјави дека нема гаранции дека блокот ќе постигне брз договор за нов пакет санкции за Русија, зашто мала група држави се противи на забраната за увоз на руската нафта.

    Европската комисија ја предложи оваа мерка на 4 мај, но Унгарија прва се изјасни дека нема да го поддржи ембаргото. Таа е силно зависна од руската нафта, исто како и Чешка и Словачка, а резервираност изрази и Бугарија.

    „Ќе дадеме сè од себе да ја деблокираме ситуацијата. Не можам да кажам кога би се случило тоа зашто ставовите се доста цврсти. Некои земји се позависни од руската нафта“, кажа Борел.

    Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, изјави дека целата унија е заложник на една земја-членка.

    „На земји како Унгарија им е понудено постепено да се откажуваат од руската нафта до 31 декември 2024. Сите сметаат дека тоа е доволно“, кажа тој.

    Нафтено ембарго, што претходно го воведоа и САД и Велика Британија, се смета за најдобриот начин да се намали способноста на Русија да ја финансира својата војна во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира