Окупираниот јужен украински регион Херсон наскоро ќе биде целосно интегриран во Русија, изјави новиот гувернер Володимир Салдо. Тој беше поставен на функцијата од руските сили откако тие ја презедоа контролата врз регионот во почетокот на март.
Салдо напиша на Телеграм дека областа отсега ќе се вика Регионот Херсон на Руската Федерација, а жителите ќе можат да аплицираат за руско државјанство во следните недели, откако ситуацијата ќе се стабилизира.
Украинските власти и западот претходно предупредуваа дека Москва планира да спроведе лажен референдум за независност на Херсон. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, не кажа дека анексија на окупираните делови на јужна Украина неизбежно ќе се случи, туку дека иднината на регионот зависи од самите жители.
Херсон беше првиот поголем град што Русите го освоија од почетокот на инвазијата. Од 1 мај, во регионот се плаќа во рубли.