МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВЕРОЈАТНО СЕ ШИРЕЛЕ ПРЕКУ СЕКС НА ДВЕ ГОЛЕМИ ЗАБАВИ ВО ЕВРОПА, ВЕЛИ СЗО

    МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВЕРОЈАТНО СЕ ШИРЕЛЕ ПРЕКУ СЕКС НА ДВЕ ГОЛЕМИ ЗАБАВИ ВО ЕВРОПА, ВЕЛИ СЗОВо Африка, луѓето главно се заразуваат од диви животни (Фото: АП)

    Водечки советник на Светската здравствена организација го опиша досега невиденото ширење на мајмунски сипаници во развиените земји како случаен настан кој може да се должи на ризично сексуално однесување на два неодамнешни масовни настана. Според Дејвид Хејман, водечката теорија со која може да се објасни ширењето на болеста е сексуална трансмисија помеѓу геј и бисексуални мажи на забави одржани во Шпанија и Белгија.

    Оваа болест е карактеристична за зафрлени делови на централна и западна Африка и случаите надвор од овој регион најчесто се поврзани со патувањата во тие подрачја. Станува збор за ретко вирусно заболување кое вообичаено е благо и заразените заздравуваат за неколку недели. Вирусот не се пренесува така лесно помеѓу луѓето, па ризикот од поголемо ширење е многу мал.

    Знаеме дека мајмунски сипаници можат да се пренесат при близок контакт со лезиите на некој што е заразен и се чини дека сексуален контакт го засилил тој пренос“, кажа Хејман.

    Ова е отстапување од вообичаениот шаблон на пренесување на болеста во Африка, каде што луѓето главно се заразуваат од диви животни. Над 90 случаи на мајмунски сипаници досега се потврдени во повеќе од десет земји, меѓу кои и Велика Британија, Шпанија, Израел, САД, Франција, Швајцарија и Австралија.

    Здравствените власти на Мадрид кажаа дека во градот се регистрирани 30 случаи и се истражува можна врска помеѓу неодамнешна геј парада на Канарските Острови, на која имало 80.000 луѓе и мадридска сауна.

    Хејман вели дека нема докази дека вирусот би можел да мутира во позаразен сој.

    Не постои посебна вакцина за мајмунски сипаници, но СЗО вели дека вакцините против мали сипаници се 85% делотворни против ова заболување. Симптомите вклучуваат осип, треска, главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, отечени лимфни јазли, треска и исцрпеност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира