РУСИТЕ ЛАНСИРАА МАСИВЕН НАПАД НА СЈЕВЕРОДОЊЕЦК СО ЦЕЛ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ КОНТРОЛАТА ВРЗ ЦЕЛИОТ ЛУГАНСК

    РУСИТЕ ЛАНСИРАА МАСИВЕН НАПАД НА СЈЕВЕРОДОЊЕЦК СО ЦЕЛ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ КОНТРОЛАТА ВРЗ ЦЕЛИОТ ЛУГАНСКСе верува дека во Сјеверодоњецк се останати уште 15.000 цивили (Фото: ЕПА)

    Руските сили лансираа сеопшт напад со цел да ги окружат украинските трупи во два града разделени од река во источна Украина, што би можело да го даде исходот на руската воена кампања во Донбас.

    Гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај, предупреди дека веќе е доцна да се евакуираат илјадници цивили од Сјеверодоњецк, што Русите го имаат окружено од три страни. Сјеверодоњецк и околните гратчиња и села веќе со денови интензивно се бомбардираат. Се верува дека во градот се останати уште 15.000 цивили.

    Во овој момент не можам да кажам ‘бегајте‘, туку ‘останете во засолништата‘. Таков е интензитетот на гранатирањето, кое е хаотично и непрекинато. Непријателот ги фокусираше сите свои напори на Сјеверодоњецк и Лисичанск, при што ангажираше 25 баталјонски тактички групи“, кажа Гајдај.

    Ако Русите успеат да го освојат Сјеверодоњецк, ќе го контролираат речиси целиот регион Луганск. Сјеверодоњецк и Лисичанск, сместени од двете страни на реката Сиверски Доњец, се меѓу последните територии во Луганск кои и натаму се под контрола на Украина. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира