ФБИ СПРЕЧИ ЗАГОВОР ЗА УБИСТВО НА ЏОРЏ БУШ

    ФБИ СПРЕЧИ ЗАГОВОР ЗА УБИСТВО НА ЏОРЏ БУШЗа заговорот е обвинет ирачки државјанин кој сакал да му се одмазди на Буш за војната во Ирак (Фото: Гети)

    Симпатизер на Исламска држава планирал да го убие поранешниот американски претседател Џорџ Буш, но неговиот заговор бил разоткриен од ФБИ, објавија американските власти.

    Осомничениот, кој е жител на Охајо, наводно се обидел да внесе ирачки оперативци од Мексико во САД за својата операција. Тој се наоѓа во притвор и вчера се појави во федералниот суд во Охајо. ФБИ користел доушници и електронско надгледување за да го разбие планот.

    Според судските документи, осомничениот е 52-годишниот Шихаб Ахмед Шихаб, ирачки државјанин кој престојувал во САД од 2020, кога поднесол барање за азил.

    Според ФБИ, Шихаб му се доверил на еден шверцер на луѓе дека е припадник на група наречена Ал-Раед, со седиште во Катар. Тој рекол дека сака да го убие Буш зашто е виновен за смртта на многумина Ирачани и за распаѓањето на Ирак. Двајца луѓе кои сакал да ги прошверцува во САД биле бивши ирачки разузнавачки агенти со искуство во извршување атентати.

    Шихаб сега се соочува со вкупно 30 години затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира