КАВАДАРЧАНИ НАЈМНОГУ УМИРААТ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАВАДАРЧАНИ НАЈМНОГУ УМИРААТ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

    Кавадарчани најмногу умираат во ноември и декември, во овој период од годината вообичаено е зголемена смртноста, особено  кај постари лица. Ова го покажува статистиката на Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом од Кавадарци.

    „Статистички гледано, поради наглите временски и температурни  промени  и постуденото време, вообичаено секој ноември имаме дваесет до триесет процентно зголемена смртност, споредено со другите месеци од годината. Тоа го регистриравме и на крајот од претпоследниот месец оваа година. Најмногу страдаат хроничните болни, кај кои попушта кардиоваскуларниот или срцевобелодробниот систем“, вели началникот на Здравствениот дом Антоан Паракеов.

    Според евиденцијата на Брза помош од Кавадарци, минатата година била рекордна, со најголем број на издадени посмртници, 445. Во оваа бројка не се влезени смртните случаи кои настапиле во кавадаречката Општа болница или скопските клиники. Годинава, која се смета за просечна во поглед на смртноста, заклучно со вчерашниот ден, само во Службата за итна медицинска помош била регистрирана смрт кај 289 пациенти.

    Паракеов вели дека кавадарчани најчесто умираат поради нарушувања на кардиоваскуларниот систем. Мозочен удар, инфаркт, затајување на  срце кај постари лица. Втора најчеста причина за смртност се карциномите, кај мажите на белите дробови, а кај жените на дојка и гениталии.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира