УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СЕВЕРНОДОНЕЦК ЗА ДА ИЗБЕГНЕ ОПКОЛУВАЊЕ

    УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СЕВЕРНОДОНЕЦК ЗА ДА ИЗБЕГНЕ ОПКОЛУВАЊЕСо црвена боја е означена територијата под контрола на Русија. (Фото: Институт за изучување на војна)

    Украинската војска би можела да се повлече од големиот источен град Севернодонецк бидејќи руските сили се блиску да се го опколат, вели гувернерот на регионот Луханск Серхиј Хајдај.

    „Можно е за да не бидат опколени, тие да мораат да си заминат“, кажа гувернерот, додавајќи дека руските сили веќе се навлезени во делови од градот.

    По повлекувањето од околината на Киев и северот на Украина, Русија има за цел да го заземе целиот Донбас, во кој се вклучени регионите Донецк и Луханск. Севернодонецк е најголемиот град останат под украинска контрола во Луханск.

    Украина бара од сојузниците артилерија и ракети со долг дострел за да го спречи напредувањето на Русија во Донбас, но досега нема добиено позитивен одговор.

    Вчера, британскиот премиер Борис Џонсон кажа дека на Украина ѝ е потребна токму таква воена опрема.

    „Се плашам дека Путин, и по голема цена за себеси и за руската армија, ќе продолжи да напредува низ Донбас. Тој продолжува да напредува бавно, но интензивно, и затоа тоа е апсолутно витално да продолжиме да ја поддржуваме Украина со воени средства“, изјави Џонсон за „Блумберг“.

    Во Севернодонецк, гувернерот Хајдај кажа дека половина од станбените објекти се уништени и речиси секоја зграда е оштетена.
    Патот што води до територија контролирана од Украина е често бомбардиран од руските сили, но е прооден, додаде тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира