НЕ МОЖЕМЕ ДА СИ ЈА ВРАТИМЕ ЦЕЛАТА НАША ТЕРИТОРИЈА СО ВОЕНИ СРЕДСТВА, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

    НЕ МОЖЕМЕ ДА СИ ЈА ВРАТИМЕ ЦЕЛАТА НАША ТЕРИТОРИЈА СО ВОЕНИ СРЕДСТВА, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ„Ако решиме да одиме по тој пат, ќе загубиме стотици илјади луѓе“, рече Зеленски. (архивска фотографија)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека ситуацијата е неописливо тешка на истокот на земјата, каде што руските сили напредуваат изминатите денови.

    „Ситуацијата е многу комплицирана, посебно во некои области во регионите Донбас и Харкив, каде што руската армија се обидува да дојде до некаков резултат за себеси“, кажа Зеленски во редовното обраќање.

    Руските сили ги засилија нападите на Севернодонецк вчера откако соопштија дека го зазеле блискиот град Лиман.

    „Но, нашата одбрана се држи. Неописливо е тешко таму“, додаде Зеленски.

    Украинскиот претседател, исто така, кажа дека не верува дека Украина може со воени средства да си ја врати целата територија окупирана од Русија од 2014 година наваму.

    „Не верувам дека можеме да си вратиме целата наша територија со воени средства. Ако решиме да одиме по тој пат, ќе загубиме стотици илјади луѓе“, рече Зеленски.

    Но, тој е убеден дека „Украина ќе си врати назад сè“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира