40 МИНУТИ ВРНЕШЕ ГРАД ВО КРУШЕВСКО И МОГИЛА, ГИ СОТРЕ ПИПЕРКИТЕ И КРОМИДОТ ВО БУЧИН

    40 МИНУТИ ВРНЕШЕ ГРАД ВО КРУШЕВСКО И МОГИЛА, ГИ СОТРЕ ПИПЕРКИТЕ И КРОМИДОТ ВО БУЧИНВо Бучин има над 500 жители, од кои поголемиот дел одгледуваат пиперките и кромид, па претрпеа големи штети. (Фото: СДК.МК)

    Невреме, проследено со 40-минутни врнежи од град, предизвика големи штети во села од Крушевско и Могила. Градот ги уништи насадите со пиперки и кромид во едно од најголемите крушевски села Бучин.

    „Вакво невреме не паметиме. Гледавме на часовникот, паѓаше град цели 40 минути. Ги сотре пиперките и кромидот, а предизвика и штети кај тутунот“, велат жителите.

    Во Бучин има над 500 жители, од кои поголемиот дел одгледуваат пиперките и кромид, па претрпеа големи штети.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира