Групата „Калуш оркестра“ го продаде трофејот што го доби за победата на годинашната Евровизија, постигнувајќи цена од 900.000 долари, а парите ќе биде наменети за украинската војска. Кристалниот микрофон беше понуден на аукција на Фејсбук, со цел да се купат дронови.
Продажбата се совпадна со појавувањето на бендот на хуманитарниот концерт за Украина во Берлин.
„Ве молам, не се навикнувајте на војната! Мислам дека таа постојано би требала да биде на насловните страници додека не се постигне мир“, изјави членот на групата Олег Псјук.
Победничката песна „Стефанија“ оригинално беше напишана за мајката на Псјук, но некои стихови асоцираат на состојбата во Украина.
Од групата кажаа дека парите ќе бидат искористени за да се купат три дрона „ПД-2“ од украинско производство.