БАЈДЕН СЕ СОГЛАСИ ДА Ѝ ИСПРАТИ НА УКРАИНА НАПРЕДНИ РАКЕТНИ СИСТЕМИ

    БАЈДЕН СЕ СОГЛАСИ ДА Ѝ ИСПРАТИ НА УКРАИНА НАПРЕДНИ РАКЕТНИ СИСТЕМИНовото оружје ќе го вклучи високомобилниот артилериски ракетен систем (Фото: Гети)

    Џо Бајден објави дека САД ќе ѝ испратат на Украина понапредни ракетни системи, што ќе ѝ овозможи попрецизно да ги гаѓа непријателските позиции од поголема дистанца.

    Вашингтон досега го одбиваше ова барање на Украина од страв дека оружјето би можело да биде искористено против цели на руска територија. Бајден сега кажа дека вакво оружје ќе ја зацврсти преговарачката позиција на Киев и ќе го направи дипломатското решение поможно.

    Затоа одлучив на Украинците да им испратам понапредни ракетни системи и муниција, што ќе им овозможи попрецизно да ги гаѓаат клучните цели на бојното поле во Украина. Сепак, нема да испратиме оружје со кое може да се гаѓа Русија“, кажа Бајден.

    Новото оружје ќе го вклучи високомобилниот артилериски ракетен систем „М142“ (ХИМАРС). Со него можат да се лансираат повеќе прецизно наведувани проектили, кои можат да погодат мети оддалечени и до 70 километри, што е многу подалеку од моменталните способности на украинската артилерија. Се верува дека тие се попрецизни од нивните руски еквиваленти.

    Се очекува Украина да ги распореди овие системи во регионот Донбас, каде што моментално се водат најжестоките борби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира