УКРАИНА НЕМА НАМЕРА ДА ЈА НАПАЃА РУСИЈА СО НОВОТО ОРУЖЈЕ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    УКРАИНА НЕМА НАМЕРА ДА ЈА НАПАЃА РУСИЈА СО НОВОТО ОРУЖЈЕ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИНовото оружје што ќе го добие Украина може да гаѓа мети оддалечени и до 70 километри (Фото: Гети)

    Володимир Зеленски изјави дека Украина нема намера да ја напаѓа Русија, откако Џо Бајден се согласи да ја опреми украинската војска со напредни ракетни системи со среден дострел.

    Артилеријата ќе биде искористена исклучиво за самоодбрана. Нас не нè интересира Руската Федерација, Ние не се бориме на нивна територија како тие против нас“, кажа Зеленски.

    Новото оружје што ќе го добие Украина може да гаѓа мети оддалечени и до 70 километри, што е многу подалеку од моменталните капацитети на украинската артилерија. Бајден кажа дека ова оружје ќе ја зацврсти преговарачката позиција на Киев, додека аналитичарите сметаат дека дури би можело да го промени текот на војната, бидејќи Русија моментално има предност и во воздух и во артилерија, при што безмилосно ги бомбардира и уништува градовите.

    Русија кажа дека последната одлука на Вашингтон би можела да го зголеми ризикот од директна конфронтација помеѓу Москва и НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира