Борис Џонсон го преживеа гласањето за доверба во британскиот парламент и останува на премиерската функција. Обидот за смена на Џонсон го покренаа пратениците од неговата Конзервативна партија поради нелегалните забави што се одржуваа во седиштето на владата во периодот на строгите карантини, што во британската јавност беше наречено „Партигејт“.
На крајот, Џонсон доби поддршка од 211 пратеници, а 148 му изразија недоверба, што значи дека повеќе од 40% конзервативци гласаа против својот премиер.
Пред четири години, Тереза Меј доби поддршка од 63% пратеници при вакво гласање, но по само осум месеци сепак си замина од премиерската позиција.
Лондонската полиција истражуваше 12 собири на кои биле прекршени ковид протоколите, вклучувајќи оној на кој се славеше роденденот на Џонсон.