ТРАМП ОБВИНЕТ ЗА ОБИД ЗА ДРЖАВЕН УДАР НА СТАРТОТ НА СОСЛУШУВАЊЕТО ЗА НАПАДОТ НА КОНГРЕСОТ

    ТРАМП ОБВИНЕТ ЗА ОБИД ЗА ДРЖАВЕН УДАР НА СТАРТОТ НА СОСЛУШУВАЊЕТО ЗА НАПАДОТ НА КОНГРЕСОТИванка Трамп ја отфрли теоријата на заговор на татко ѝ дека изборите биле украдени (Фото: АП)

    Доналд Трамп раководел со минатогодишниот напад на Капитол во обид за државен удар, беше кажано на сослушувањето во Конгресот. Републиканката Лиз Чејни, која е потпретседателка на комитетот, кажа дека Трамп го запалил пламенот на нападот.

    Приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот на 6 јануари 2021, кога требаше да се потврди изборната победа на Џо Бајден. По речиси една година истрага, комитетот избран од Претставничкиот дом вчера го одржа првото од предвидените шест сослушувања овој месец. Меѓу снимките кои беа пуштени беше и сведочењето на бившиот јавен обвинител Бил Бар, кој кажа дека тврдењата на Трамп за наместени избори се неосновани, додека Иванка Трамп изјави дека ја отфрла теоријата на заговор на татко ѝ.

    Насилството не беше случајно, тоа беше последниот удар на Трамп. 6 јануари беше кулминација на обидот за државен удар, обидот да се урне владата“, кажа претседателот на комитетот Бени Томпсон.

    Пред почетокот на сослушувањето, Трамп ја отфрли истрагата како политичка измама.

    Оние што упаднаа во Капитол и со часови се бореа со претставниците на законот беа мотивирани од она што им го кажа Трамп: дека изборите се украдени и дека тој е вистинскиот претседател. Трамп ја повика и собра толпата и го запали пламенот на нападот“, изјави Чејни.

    Четири лица починаа во нападот, вклучувајќи жена која беше застрелана од полицаец. Беа повредени над 100 полицајци, а четворица подоцна извршија самоубиство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира