БИВШИОТ ВАТЕРПОЛИСТ И КАНДИДАТ НА ВУЧИЌ, АЛЕКСАНДАР ШАПИЌ, ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БЕЛГРАД

    БИВШИОТ ВАТЕРПОЛИСТ И КАНДИДАТ НА ВУЧИЌ, АЛЕКСАНДАР ШАПИЌ, ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БЕЛГРАДШапиќ е еден од најдобрите голгетери во српското ватерполо (Фото. Танјуг)

    Поранешниот ватерполист Александар Шапиќ е избран за нов градоначалник на Белград. Тој беше предложен од листата „Александар Вучиќ – Заедно можеме сè“.

    Сакам Белград да биде поздрав, похуман, пофункционален град, сакам да биде град шампион. Никогаш не сум криел дека се стремам кон оваа позиција, за која се жртвував, борев и докажував“, изјави 43-годишниот Шапиќ, кој во јавноста беше напаѓан за неговиот спорен докторат. 

    Еден од најдобрите голгетери во српското ватерполо играше за репрезентацијата од 1995 до 2008 година и притоа освои 20 медали на големите натпреварувања, од кои три олимписки.

    Политичката кариера ја почна како член на Демократската партија, по што го формираше здружението „За наш град“, а потоа и Српски патриотски сојуз, кој лани се обедини со Српската напредна партија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира