ПРОРУСКИ ФУНКЦИОНЕР УБИЕН ВО АТЕНТАТ ВО ОКУПИРАНИОТ ХЕРСОН

    ПРОРУСКИ ФУНКЦИОНЕР УБИЕН ВО АТЕНТАТ ВО ОКУПИРАНИОТ ХЕРСОНДмитри Савлученко загинал кога експлодирал неговиот автомобил (Фото: Телеграм)

    Висок функционер во новоназначената руска администрација во окупираниот украински регион Херсон е убиен во атентат, потврдија новите локални власти. Дмитри Савлученко, кој раководел со одделот за млади, семејство и спорт, загинал кога експлодирал неговиот автомобил.

    „Ова не е ништо друго освен терористички чин и така и ќе го третираме“, реагираше портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Украинците, пак, ја слават смртта на Савлученко, кого го опишуваат како локален предавник. Тој водел проруски младински групи во регионот, пред да биде вклучен во новата администрација по окупацијата.

    „Нашите партизани запишаа уште една победа: проруски активист и предавник утрово е дигнат во воздух во својот автомобил“, изјави Серхиј Клан, помошник на шефот на воената администрација на Херсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира