ШЕСТ ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИ ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕВЕРНАТА ТРИБИНА ОД СТАДИОНОТ ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШЕСТ ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИ ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕВЕРНАТА ТРИБИНА ОД СТАДИОНОТ ВО БИТОЛА

    Шест дена пред избори, општина Битола започна со реализација на долго најавуваниот проект – реконструкција на северната трибина од стадионот „Под Тумбе кафе“. Градежните машини денес урнаа дел од трибината, а изградбата се најавува дека ќе заврши за две години. Градбата на стадионот ќе треба да ја продолжи другата локална власт зашто мандатот на сегашната власт и градоначаланикот Владимир Талески истекуваат на пролет.

    Талески целосно реконструкција на стадионот со капацитет од 12.000 гледачи најави пред неполни три години, а сега пред избори се зафатија со обнова само на северната трибина. Тој рече дека за нивен вкус ова е задоцнето, но доколку не беше политичката криза, реконструкцијата ќе беше побрза.

    „Ова е еден историски момент зашто Битола ќе добие она што со години наназад го немаше, а го заслужуваше. Битола станува спортски град. Влегуваме во една фаза која можеби ќе беше многу понапредната доколку не постоеше политичката криза која се наметна во Македонија. Можеби за наш вкус е задоцнето , но го реализираме она што го ветивме“, рече Талески.

    Тој најави дека деновиве ќе започне и реконструкција на спортската сала „Младост“ каде ќе срушат три реда од гледалиштето, ќе се прошири делот за натпревари и ќе го санираат подот.  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира