НАЈМАЛКУ 11 ЗАГИНАТИ ВО РУСКИОТ РАКЕТЕН НАПАД НА ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ПОЛТАВА

    НАЈМАЛКУ 11 ЗАГИНАТИ ВО РУСКИОТ РАКЕТЕН НАПАД НА ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ПОЛТАВАВластите кажаа дека во моментот на нападот имало илјада луѓе во трговскиот центар (Фото: АП)

    Најмалку 11 луѓе загинаа, а 50 се повредени во денешниот руски ракетен напад на трговски центар во градот Кременчук во регионот Полтава, објави гувернерот Дмитро Лунин. Претседателот Володимир Зеленски кажа дека во моментот на нападот имало илјада луѓе во трговскиот центар и дека се очекува бројот на жртвите да биде многу поголем.

    Спасувачите пребаруваат по урнатините, веројатно ќе бидат пронајдени уште тела. Ова е терористички чин против цивили, во близина немаше воени цели што Русија би ги напаѓала“, изјави Лунин.

    Кременчук е индустриски град кој имал 217.000 жители пред почетокот на руската инвазија. Таму се наоѓа една од најголемите нафтни рафинерии во Украина, која Русите веќе ја ракетираа.

    Украинската војска кажа дека трговскиот центар бил погоден со два крстосувачки проектила со долг дострел, испукани од бомбардери „Ту-22М3“ од небото над западниот руски регион Курск.

    Русија од почетокот на војната тврди дека не напаѓа цивилни цели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира