ЖИТЕЛИТЕ НА ПАПРАДИШТЕ ПРОТЕСТИРАА ОТИ КАМИОНИТЕ КОИ ЈА СЕЧАТ ШУМАТА ИМ ГО ОШТЕТИЈА ПАТОТ

    ЖИТЕЛИТЕ НА ПАПРАДИШТЕ ПРОТЕСТИРАА ОТИ КАМИОНИТЕ КОИ ЈА СЕЧАТ ШУМАТА ИМ ГО ОШТЕТИЈА ПАТОТМештаните најавија дека од понеделник нема да дозволуваат да поминуваат камионите (Фото: СДК.МК)

    Жителите на Папрадиште претпладнево два часа протестираа. Не дозволуваа никој со превозно средство да влезе или излезе од селото, реагирајќи поради оштетениот пат од Богомила до Папрадиште.

    Тешките камиони на ‘Македонски шуми‘ кои пренесуваат исечено огревно дрво толку го оштетија патот до селото, што до него не може да се пријде. Сега нè враќаат во 14. век, на магариња да патуваме, наместо со автомобили“, велат селаните кои протестираа.

    Преку лето Папрадиште живнува, бидејќи голем број мештани се враќаат и престојуваат тука, а бројни туристи одат во планинарскиот дом „Папрадиште“. Селото е во регионот на Азот, Општина Чашка.

    Проблемот се актуелизирал откако пролетоска под концесија е дадена површина од 44 хектари дабова шума на влезот во селото, за која мештаните реагираа дека е млада и не треба да се сече. Надлежните кажаа дека за сечата има одобрение, а за да ги смират мештаните, ветиле дека ќе ги асфалтираат критичните два километра од патот Богомила-Папрадоште кои од тешките камиони биле сериозно оштетени. Но, досега не се случило тоа, па селаните денеска протестираа.

    Најавија дека од понеделник нема да дозволуваат да поминуваат камионите кои ја сечата шумата.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира