СЕ УРНА ГЛЕЧЕР НА ИТАЛИЈАНСКИТЕ АЛПИ, НАЈМАЛКУ ШЕСТ ЗАГИНАТИ

    СЕ УРНА ГЛЕЧЕР НА ИТАЛИЈАНСКИТЕ АЛПИ, НАЈМАЛКУ ШЕСТ ЗАГИНАТИЛавината се случи на над 3.300 метри високата планина Мармолада (Фото: Национална агенција за спелеологија)

    Најмалку шест луѓе загинаа откако се урна дел од глечер на италијанските Алпи како последица на високите температури.

    Во тек е спасувачката операција откако се случи голема ледена лавина, која погоди луѓе кои биле на планинарење“, соопшти регионалната влада на Тренто, додавајќи дека ќе има многу мртви и повредени.

    Лавината се случи на Мармолада, над 3.300 метри висока планина во планинскиот венец Доломити во источниот дел на италијанските Алпи. Се верува дека во тој момент имало 18 планинари во таа област.

    Повредените се превезени во болници во четири града. Жешкиот бран што ја погоди Италија донесе температури од десет Целзиусови степени на Мармолада“, кажа претседателот на регионот Венето, Лука Ѕаја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира