ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СМЕТА ДЕКА РЕВИДИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ ОВОЗМОЖУВА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СМЕТА ДЕКА РЕВИДИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ ОВОЗМОЖУВА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИДана Спинант, портпаролка на Европската комисија, на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел. (Фото: ЕБС/принтскрин)

    Европската комисија го поздравува ревидираниот француски предлог за преговарачката рамка за Северна Македонија и смета дека овозможува почеток на преговорите со ЕУ, јави дописничката на државната агенција МИА од Брисел.

    „Го поздравуваме развојот на ситуацијата во однос на Бугарија и Северна Македонија, после француските предлози и благодарение на работата на француското претседателство кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање“, изјави Дана Спинант, портпаролка на ЕК на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел.

    Таа додаде дека ЕК е информирана за протестите против предлогот, кои се одржуваат во Скопје, како и за ставот на опозицијата која смета дека предлогот не е доволно добар.

    „Одблиску ги следиме настаните во Северна Македонија, сега е време за одговорни одлуки кои ќе овозможат да се оди напред во процесот. За нас сега е време да се напредува со преговарачкиот процес, ревидираниот француски предлог токму тоа го овозможува“, изјави портпаролката Ана Писонеро и ги повика сите политички партии да делуваат конструктивно во име на интересите на граѓаните кои долго време чекаат за ЕУ патот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира