ПОЧИНА АКТЕРОТ ЏЕЈМС КАН

    ПОЧИНА АКТЕРОТ ЏЕЈМС КАНКан оствари кариера која се протегна низ седум децении (Фото: АП)

    Џејмс Кан, холивудскиот ветеран кој се прослави со улогата на Сони Корлеоне во „Кум“, почина на 82 години. Еден од водечките американски актери од 1970-ите наваму беше номиниран за Оскар, Еми и за четири златни глобуси.

    Родениот њујорчанец исто така беше познат по бурниот приватен живот, при што се женеше четири пати.

    Кан првично сакал да биде фудбалер, а со глумата почнал додека студирал на Универзитетот Хофстра, каде што го запознал Френсис Форд Копола, режисерот на „Кум“. По неколку помали филмски и телевизиски улоги, Кан конечно направил пробив во Холивуд во 1965 со два филма на Хауард Хокс, „Црвена линија 7.000“ и „Ел Дорадо“.

    Сепак, епската мафијашка драма „Кум“ од 1972 го направи вистинска ѕвезда во Холивуд. Тој се пријавил на аудицијата за ликот на Мајкл Корлеоне, но на инсистирање на Копола, Ал Пачино ја добил таа улога. Кан го играше постариот брат на Мајкл, Сони, што му донесе номинација за Оскар.

    Во 1980-ите на кратко исчезна од Холивуд, делумно и поради проблемите со дрога, но направи голем камбек во следната деценија со „Мизери“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира