„НИЕ СМЕ ЛУДАЦИ“ НА КОКАЛАНОВ ПРОМОВИРАН СО ЧОКОЛАДО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

     „НИЕ СМЕ ЛУДАЦИ“ НА КОКАЛАНОВ ПРОМОВИРАН СО ЧОКОЛАДО

    Со политички речник  како на митинг, но во сатиричен контекст, беше промовиран „Ние сме лудаци“, новиот, четврти по ред роман на новинарот и писател Сашо Кокаланов, издание на „Или-или“. Гостите на влезот соодветно на алузијата од насловот на романот, со книгата ги пречекуваа и чоколадни бомбони.

    За политичко-сатиричниот роман зборуваа писателката Оливера Ќорвезировска, новинарот Звездан Георгиевски и драмскиот писател Сашко Насев, кој зборуваше и за драмските текстови на Кокаланов, што се објавени во продолжение на овој роман.

    Гостите на влезот соодветно на алузијата од насловот на романот, со книгата ги пречекуваа и чоколадни бомбони (Фото: СДК.МК)

    Гостите на влезот соодветно на алузијата од насловот на романот, со книгата ги пречекуваа и чоколадни бомбони (Фото: СДК.МК)

    „Тргнувајќи од насловот ‘Ние сме лудаци’, каде што сите знаеме на што прво помислуваме и од каде тоа доаѓа, Сашо на вешт, фраерски и швалерски начин, со лирика, епика и драма во исто време нѐ воведува во Земјата на Алиса, и нѐ убедува дека тоа не е она што го мислиме“, рече Ќорвезировска.

    За Алиса, главниот женски лик проговори и Георгиевски, кој зборувајќи духовито за својот колега, рече оти „тоа што ни се случува во Македонија е толку апсурдно и бизарно, што е навистина како во Земјата на чудата“, а дека Кокаланов тоа го носи со иронија, сатира, со постмодерна, фантазија, па дури и со поезија.

    За „Ние сме лудаци“ беше речено дека е роман кој, иако има дневно-политички конотации, е книга која креира најбизарни ситуации кои може само животот да ги смисли, дека е книга со горчлив вкус, зашто колку и да ве смее, по некое време боли, и е конечно книга која со сигурност ќе може да се чита и по десет години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира