ОН ПОБАРАА ПРИСТАП ДО НУКЛЕАРКАТА ВО ЗАПОРОЖЈЕ ДОДЕКА РУСИЈА И УКРАИНА СЕ ОБВИНУВААТ ЗА НЕЈЗИНО ГРАНАТИРАЊЕ

    ОН ПОБАРАА ПРИСТАП ДО НУКЛЕАРКАТА ВО ЗАПОРОЖЈЕ ДОДЕКА РУСИЈА И УКРАИНА СЕ ОБВИНУВААТ ЗА НЕЈЗИНО ГРАНАТИРАЊЕРуските сили ја освоија нуклеарната централа во Запорожје во март (Фото: ЕПА)

    Обединетите нации побараа да им се обезбеди пристап во нуклеарната централа во Запорожје, додека Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за бомбардирањето на регионот, кој се соочува со украинска противофанзива откако беше освоен од руските сили во март.

    „Каков било напад на нуклеарката е рамно на самоубиство. Мора да ѝ се обезбеди пристап на Меѓународната агенција за атомска енергија на централата Запорожје, со цел да се стабилизираат условите во неа“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

    Петро Котин, шефот на украинската компанија за атомска енергија „Енергоатом“, побара распоредување на тим на мировници во централата, со која и натаму оперираат украинските техничари.

    „Бараме повлекување на окупаторите од просторот на централата и креирање на демилитаризирана зона“, кажа Котин.

    Руското министерство за одбрана кажа дека украинските гранати оштетиле високонапонски далноводи кои ја опслужуваат централата од советско време, што довело до намалување на производството на два од шесте реактори за да се спречи целосен прекин.

    „Ги повикуваме земјите кои имаат влијание врз украинските лидери да го искористат тоа, за да запре гранатирањето, кое е екстремно опасно“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Украина пак ја обвини Русија за нови бомбардирања на областа, при што биле оштетени три сензори за радијација, а двајца вработени биле повредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира