МЕСТО ПОЛИТИЧКИ, ВЛАСТА ТРЕБА ДА ПРАВИ КАМПАЊИ ЗА ДАРУВАЊЕ ОРГАНИ, КАЖАА ОД „ХРАБРО СРЦЕ“ НА ДЕНОТ НА ОРГАНОДАРИТЕЛСТВОТО

    МЕСТО ПОЛИТИЧКИ, ВЛАСТА ТРЕБА ДА ПРАВИ КАМПАЊИ ЗА ДАРУВАЊЕ ОРГАНИ, КАЖАА ОД „ХРАБРО СРЦЕ“ НА ДЕНОТ НА ОРГАНОДАРИТЕЛСТВОТООд „Храбро срце“ оценија дека свеста за донирање органи е сè уште ниска (Фото: СДК.МК)

    Со делење едукативни флаери, денеска во Охрид се одбележа Светскиот ден на органодарителството. Од здружението „Храбро срце“, поддржано во својата хумана мисија од голем број медицински лица, оценија дека свеста кај народот е сè уште ниска и треба многу повеќе да се зборува за потребата за дарување органи.

    Кога еден човечки живот згаснува, најмалку што можеме да направиме е да го продолжиме животот на 7-8 или повеќе луѓе, затоа што може да се донира и срцевина, коска или ткиво. Зошто да не направиме еден хуман чин со кој стотици луѓе би се спасиле со донирање органи и ткива“, вели Васко Јолески, претседател на „Храбро срце“.

    Тој им порача на властите да вложат повеќе средства и внимание во државната кардиохирургија, оти, како што кажа, ги имаме најдобрите стручни лица во регионот кои се носат рамо до рамо со светските кардиохирурзи.

    Насушно е потребно власта да инвестира во една национална кампања за подигање на свеста по примерот на политичките или други кампањи кои не се толку голем приоритет како спасување човечки живот“, смета Јолевски.

    Досега во земјава се направени шест успешни трансплантации на срце, многу повеќе трансплантации на бубрези, а започна и пресадување на коскена срцевина и коскени ткива. Во сите овие случаи успешноста е скоро стопроцентна, што, спопред Јолевски, е реткост во светот. Моментално, околу 30 лица чекаат трансплантација на срце.

    Здружението „Храбро срце“ неодамна ја доби битката пациентите со механичка пумпа да бидат ослободени од партиципација и да добијат резервни батерии.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира