ЧЕЧЕНСКИ БОРЦИ СЕ БОРАТ НА ДВЕТЕ СТРАНИ ВО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, БАТАЛЈОНОТ „ДУДАЕВ“ Е ЗАКОЛНАТ НЕПРИЈАТЕЛ НА СИЛИТЕ НА КАДИРОВ

    ЧЕЧЕНСКИ БОРЦИ СЕ БОРАТ НА ДВЕТЕ СТРАНИ ВО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, БАТАЛЈОНОТ „ДУДАЕВ“ Е ЗАКОЛНАТ НЕПРИЈАТЕЛ НА СИЛИТЕ НА КАДИРОВУкраинските власти велат дека чеченскиот баталјон „Дудаев“ моментално брои стотици борци (Фото: АП)

    Борци од Чеченија се борат на двете страни во војната во Украина. Проукраинските доброволци се приврзаници на Џохар Дудаев, покојниот чеченски лидер кој ја предводеше борбата за осамостојување од Русија. Тие го формираа баталјонот „Дудаев“ и се заколнати непријатели на чеченските сили кои го поддржуваат Владимир Путин и учествуваа во повеќемесечната опсада на Мариупол и се активни во операциите во источна и јужна Украина.

    Украинските власти велат дека чеченскиот баталјон моментално брои стотици борци, кои војуваат заедно со украинската војска, но формално не се под нејзина команда. Голем дел од нив живеат во западна Европа и сите се муслимани.

    Меѓу доброволците има и ветерани од војните во Чеченија, кои завршија во 2009, а дел од нив веќе се бореле во Украина во 2014.

    „Луѓето треба да разберат дека ние немаме избор. Ако ја добие оваа војна, Русија ќе продолжи, нема да запре. Балтичките земји ќе бидат следни или Грузија и Казахстан. Путин отворено зборува дека сака да го обнови советското царство“, вели чеченски борец кој се претстави како Тор.

    Русија почна две војни за да го спречи отцепувањето на Чеченија и конфликтот беше прогласен за завршен дури во 2017.

    „Ќе ја добиеме оваа војна. Целиот свет е со нас. Ние бевме сами кога се боревме за себеси во Чеченија. Никој не нè поддржа, но сега е поинаку“, вели Муслим Мадиев, ветеран од чеченските војни, кој е советник на доброволниот баталјон во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира