КУЌИТЕ КАЈ КАЛЕ И КАЈ МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ ЌЕ СЕ УРИВААТ ЗА ДА БИДЕ ЗЕЛЕНИЛО ОТИ ПРОСТОРOT Е ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ

    КУЌИТЕ КАЈ КАЛЕ И КАЈ МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ ЌЕ СЕ УРИВААТ ЗА ДА БИДЕ ЗЕЛЕНИЛО ОТИ ПРОСТОРOT Е ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕНа овој простор кој е заштитено подрачје во последните години наголемо се града дивоградби без градежни дозволи од Општина Центар. (Фото: СДК.МК)

    Сите куќи кои се наоаѓаат кај скопската тврдина Кале и Музејот на современа уметност (МСУ) треба да се урнат, а просторот ќе биде парковско зеленило. Ова се предвидува со новиот Детален урбанистички план (ДУП) Градска четврт ЦС 14 Кале и СРЦ Кале за кој Општина Центар денеска организираше јавна презентација. На овој простор кој е заштитено подрачје има бараки кои се направени за време на земјотресот, но во последните години наголемо се градат куќи, згради и хотели дивоградби без градежни дозволи од Општина Центар.

    „Со овој план, за првпат урбанистички е уреден и простор на и околу Калето за кој досега немало Детален урбанистички план. Куќите кои сега ги има, од кои дел се уште од земјотресот, со новиот план ги нема односно цел овој простор е парковско зеленило. Знаеме дека има објекти кои се и легализирани и затоа понатаму кога ќе се прави овој простор ќе бидат соодветно обештетени”, рече Билјана Насковиќ. раководителка на Одделението за урбанистичко планирање во Општина Центар.

    Граѓаните кои присуствуваа на јавната анкета им кажаа на општинарите дека додека тие цртаа на хартија план, во тоа што го означуваат како зеленило секој ден никнуваат дивоградби.

    „Вие додека цртате, 0вде хотел ви никна толкав, а никој не го виде за да спречи градба. Додека сега нам ни презентирате, овде имате багери и камион кои копаат дупка за нова зграда. Се јавуваме кај вас во Општина, но никој не интервенира“, рекоа граѓаните.

    Од Општината им одговорија дека инспекциските служби веднаш ќе реагираат.

    Од Музејот на современа уметност рекоа дека се задоволни со новиот план и со тоа што просторот од Каде до Музејот останува зелен простор, но повикаа на државен проект просторот да се среди и уреди, а не да биде темно сокаче како што е сега.

    „Овде навечер е темно, цело зеленило е обраснато и запуштено, никој не го одржува, често има пожари. Мора да има државен проект за да се среди цел простор, да се уреди пристап од Кале до Музејот, на тој простор да се овозможи како отворен простор за изложување“, рекоа претставници од Музејот на современа уметност.

    Во планот, на улицата Лазар Личеновски се предвидува да се изгради паркинг простор, а на парцелата каде имаше хотел сега има зеленило.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира