Учениците од прво, второ, четврто и петто одделение во првото тримесечје ќе учат од работни материјали, оти новите учебници по новите наставни програми уште се изработуваат и се во различна фаза на одобрување, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
„Министерството за образование и наука (МОН) сработи навистина многу во насока на исполнување на визијата за национален образовен систем кој ќе нуди квалитетни образовни услуги за граѓаните во сите негови сегменти. Сите активности беа реализирани во таа насока и се посвети подеднакво внимание како на основното и средното образование, така и на високото и науката“, рече Шаќири.
Септемвриската плата за32.500 вработени, од кои 25.000 наставници во основното и средното образование е повисока за 15 проценти.
„Со нашиот партнер СОНК имаме уште многу заедничка работа во следниот период, а тоа е дефинирање и потпишување на нови колективни договори за основното и средното образование, како и дефинирање на низа заеднички мерки и политики за подобрување на квалитетот во образованието во иднина“, кажа Шаќири и додде дека буџетот на МОН за инвестиции во инфраструктурата веќе втора година по ред изнесува над милијарда денари, што е зголемување за 2,5 пати од пред 2 или 3 години.
Шакири кажа и дека годинава ќе се ангажираат 720 образовни асистенти за учениците со атипичен развој.