МЕЃУНАРОДНИТЕ ЕКСПЕРТИ РЕШЕНИ ДА ЈА ПОСЕТАТ НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ И ПОКРАЈ БОРБИТЕ ВО РЕГИОНОТ

    МЕЃУНАРОДНИТЕ ЕКСПЕРТИ РЕШЕНИ ДА ЈА ПОСЕТАТ НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ И ПОКРАЈ БОРБИТЕ ВО РЕГИОНОТПроруските власти кажаа дека тимот на ИАЕА има само еден ден за инспекција (Фото: Гети)

    Тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) е одлучен денеска да ја посети нуклеарната централа Запорожје, иако и Русија и Украина велат дека во околината се водат борби.  Условите во најголемата нуклеарка во Европа се влошија во изминатите недели, додека двете страни продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за гранатирањето на областа.

    Украинската компанија „Енергоатом“ соопшти дека морала да исклучи еден од преостанатите два оперативни реактора во централата поради уште едно гранатирање од руските сили.

    Свесни сме за засилените борбени активности во областа, но продолжуваме со планот да ја посетиме централата и да се сретнеме со персоналот. Нема да запреме штом стигнавме олку далеку“, изјави директорот на ИАЕА, Рафаел Гроси, кој ја предводи мисијата.

    Неговиот тим пристигна во градот Запорожје, кој е оддалечен 55 километри од централата и украинското министерство за одбрана кажа дека посетата е закажана за денеска.

    Со оваа мисија сакаме да спречиме нуклеарен инцидент“, изјави Гроси.

    Проруските власти кажаа дека тимот на ИАЕА има само еден ден за инспекција, додека тој се надева дека ќе може да воспостави постојано присуство.

    Украинската војска утрово кажа дека руските сили ја гранатирале маршрутата по која меѓународните експерти планираат да стигнат до централата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира