УКРАДЕН АВИОН КРУЖИ НАД МИСИСИПИ, ПИЛОТОТ СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ГО УРНЕ

    УКРАДЕН АВИОН КРУЖИ НАД МИСИСИПИ, ПИЛОТОТ СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ГО УРНЕПолицијата кажа дека директно разговарала со пилотот (Фото: АП)

    Украден авион кружи над северниот дел на Мисисипи и полицијата евакуираше супермаркет на „Волмарт“ откако пилотот се заканил дека ќе се урне во него.

    Авионот почнал да кружи над Тапело во пет часот по локално време и четири часа подоцна сè уште бил во воздух, но се оддалечил од градот. Полицијата кажа дека директно разговарала со пилотот.

    На граѓаните им е кажано да ја избегнуваат областа. Имајќи ја предвид мобилноста на тој тип на авион, опасната зона е поголема од самиот Тапело“, соопшти полицијата.

    Таа додаде дека авионот од типот „кинг ер“ го напуштил воздушниот простор на Тапело и сега лета близу фабриката на „Тојота“ во соседниот Блу Спрингс.

    Снимките објавени на Твитер покажуваат авион кој кружи над домови и деловни објекти. Официјални лица кажаа дека киднаперот на авионот веројатно работи за фирма која изнајмува простор на аеродромот во Тапело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира