ЗА 8 СЕПТЕМВРИ БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО МУЗЕИТЕ И КУЛТУРНИТЕ УСТАНОВИ

    ЗА 8 СЕПТЕМВРИ БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО МУЗЕИТЕ И КУЛТУРНИТЕ УСТАНОВИОд ланската прослава на 30-годишнината од независноста на Македонија. (Фото: К.попов)

    Бесплатен влез во музеите, галериите и културните установи е дел од програмата на Владата за одбележување на Денот на независноста – 8 Септември. Граѓаните од 11 часот ќе можат да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“ и „Хераклеја“, Музејот Охрид и Куќата на Робевци, музеите и заводите во Прилеп, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија. Во Битола, граѓаните ќе имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука, како и Музејот на Западна Македонија во НОВ во Кичево. Во Скопје, ќе бидат отворени за посета, Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современата уметност, како и Даут пашиниот амам и Чифте амамот.

    Во рамките на прославата која годинава ќе биде под мотото „Обединети во слободата“  од 11 до 14 часот, во Скопје, во Градскиот парк на „Школка“ ќе се одржи манифестација која вклучува програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат куклената претстава „Лакомата Меца“, по што ќе следат и тактичко показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи.

    Централната прослава пак, започнува во 19. 30 часот на платото кај паркот Ибни Пајко, каде ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, а потоа е предвидена музичка програма.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира