ПОЧИНА ЖИСТ ЖАКЕН, РЕЖИСЕРОТ НА КУЛТНИОТ ЕРОТСКИ ФИЛМ „ЕМАНУЕЛА“

    ПОЧИНА ЖИСТ ЖАКЕН, РЕЖИСЕРОТ НА КУЛТНИОТ ЕРОТСКИ ФИЛМ „ЕМАНУЕЛА“„Емануела“ беше режисерско деби за Жакен (Фото: Белга)

    Францускиот режисер и фотограф Жист Жакен, кој го сними култниот еротски филм „Емануела“, почина на 82 години. Софткор филмот со холандската актерка Силвија Кристел во главната улога беше режисерско деби за Жакен.

    Освен што беше најуспешниот филм во Франција во 1974 со речиси девет милиони гледачи во кината, „Емануела“ се стекна со голема популарност и на светско ниво, од Јапонија до САД. Заснован врз истоимениот еротски бестселер на Емануела Арсан од 1959 година, филмот ги следи сексуалните авантури на млада жена во Азија и со тек на време стана социјален феномен, а го следеа уште шест продолженија.

    Во следните десет години, Жакен сними уште седум играни филма, главно еротски драми, по што се повлече од филмската индустрија и водеше уметничка галерија. Тој подоцна изјави дека успехот на „Емануела“ го засенил неговиот талент како фотограф и уметник.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира