Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ги повлекува силите од две области во украинскиот регион Харкив, каде што украинската контраофанзива постигна значителен напредок во изминатата недела.
Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков изјави дека војниците ќе бидат прегрупирани од областите Балаклија и Изум во регионот на Доњецк.
Изум беше главна база за руските сили во регионот Харкив.
Конашенков рече дека потегот е направен „со цел да се постигнат наведените цели на специјалната воена операција за ослободување на Донбас“, еден од регионите во источна Украина што Русија го прогласи за суверен.
Тврдењето за повлекување да се концентрира на Доњецк е слично на оправдувањето што Русија го даде за повлекувањето на своите сили од регионот на Киев претходно оваа година.