АЛМОДОВАР СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СВОЈОТ ПРВ ФИЛМ НА АНГЛИСКИ

    АЛМОДОВАР СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СВОЈОТ ПРВ ФИЛМ НА АНГЛИСКИАлмодовар изјави дека не е во можност целосно да му се посвети на филмот (Фото: АП)

    Шпанскиот режисер Педро Алмодовар објави дека се повлекува од својот прв филм на англиски јазик „Водич за чистачки” (A Manual for Cleaning Women), чија продуцентка и главна ѕвезда е Кејт Бланшет. Седумдесет и двегодишниот Алмодовар изјави дека не може целосно да му се посвети на филмот.

    Ова беше многу болна одлука за мене. Долго време сонував да работам со Кејт. Бев превозбуден што ќе работам на филмот, но, за жал, веќе не сум во можност да го реализирам“, изјави Алмодовар.

    Компанијата на Бланшет засега не го објавила името на новиот режисер.

    „Водич зачистачки“ е адаптација на истоимената збирка на кратки приказни од американската авторка Лусија Берлин.

    Алмодовар пред две години го сними својот прв краток филм на англиски, „Човечки глас“ со Тилда Свинтон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира