ПОРАДИ ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ ЕДЕН ОД ЧЕТИРИТЕ БАГЕРИ ВО РУДНИКОТ „СУВОДОЛ“ ВО РЕК „БИТОЛА“ СО КУС ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО

    ПОРАДИ ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ ЕДЕН ОД ЧЕТИРИТЕ БАГЕРИ ВО РУДНИКОТ „СУВОДОЛ“ ВО РЕК „БИТОЛА“ СО КУС ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТООстанатите три единици работат без проблем и ги обезбедуваат потребните количини на јаглен за производство на електрична енергија. (Фото: СДК.МК)

    Багерот 630/2 кој врши ископ на јаглен на најдолната точка во Рудникот ПЈС „Суводол” во РЕК ,,Битола” од попладнево е во краткотраен прекин заради обилните врнежи од дожд што го зафатија рудникот, соопштија од Комбинатот.

    Багерот 630/2 е на најниската точка во ПЈС Суводол бидејќи ги ископува последните количини на јаглен во тој дел од рудникот, по што ќе биде преместен на друга локација согласно планот за работа.

    ,,Водата од собирникот што се наоѓа во непосредна близина на багерот, направен специјално за вакви ситуации, се исцрпува со пумпи и багерската единица за неколку денови ќе биде повторно во функција”, соопштија од ЕСМ.

    Оттаму потенцираат дека багерската единица 630/2 е една од четирите багерски единици кои во моментов работат во ПЈС ,,Суводол” на ископ на јаглен. Останатите три единици работат без проблем и ги обезбедуваат потребните количини на јаглен за производство на електрична енергија. Исто така, од ЕСМ соопштија дрка на депонијата за јаглен во РЕК „Битола” има сосема доволни количини на јаглен за непречено производсто на струја.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира