ЕУ ПОБАРА ФОРМИРАЊЕ МЕЃУНАРОДЕН ТРИБУНАЛ ЗА СУДЕЊЕ НА РУСКИТЕ ВОЕНИ ЗЛОСТОРНИЦИ ПО ОТКРИВАЊЕТО НА МАСОВНИ ГРОБНИЦИ ВО ИЗЈУМ

    ЕУ ПОБАРА ФОРМИРАЊЕ МЕЃУНАРОДЕН ТРИБУНАЛ ЗА СУДЕЊЕ НА РУСКИТЕ ВОЕНИ ЗЛОСТОРНИЦИ ПО ОТКРИВАЊЕТО НА МАСОВНИ ГРОБНИЦИ ВО ИЗЈУМЕксхумирани досега се 59 тела, а се очекува да бидат многу повеќе од гробови во шума на периферијата на Изјум. (Фото: Твитер)

    Претседателството на Европската унија повика да се формира меѓународен трибунал за руската инвазија на Украина. Повикот од Чешкото претседателство доаѓа по откривањето на стотици гробови во Изјум, град неодамна ослободен од страна на украинската војска.

    Многумина од нив се цивили, меѓу нив и жени и деца.

    „Бараме казна за сите воени криминалци“, вели чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.

    Украина вели дека воени злосторства се направени во Изјум, каде што ексхумирани досега се 59 тела, а се очекува да бидат многу повеќе од гробови во шума на периферијата на градот,

    „Во 21. век, вакви напади против цивилна популација се незамисливи и одвратни. Не смееме да го занемариме ова. Повикувам на брзо формирање на специјален меѓународен трибунал кој ќе ги гони криминалите на агресорот“, кажа Липавски.

    Откривањето на масовните гробници се случи откако украинските сили имаа успешна контраофанзива на североистокот на земјата, при што ослободија голема територија претходно окупирана од Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира