ЕУ ВЕЛИ ДЕКА ИСТЕКУВАЊАТА ОД РУСКИТЕ ГАСОВОДИ СЕ РЕЗУЛТАТ НА САБОТАЖА, НО НЕ ЈА ОБВИНИ РУСИЈА

    ЕУ ВЕЛИ ДЕКА ИСТЕКУВАЊАТА ОД РУСКИТЕ ГАСОВОДИ СЕ РЕЗУЛТАТ НА САБОТАЖА, НО НЕ ЈА ОБВИНИ РУСИЈАШведските и данските сеизмолози забележале подводни експлозии пред да почнат истекувањата (Фото: АП)

    Европската Унија најави дека ќе ја засили безбедноста на својата енергетска инфраструктура, како одговор на саботажите на гасоводите Северен тек, предупредувајќи дека би можело да има уште слични напади.

    Данска и Шведска кажаа дека големите истекувања од гасоводите под Балтичко Море биле предизвикани од намерни чинови на саботажа во ексклузивните економски зони на двете земји. Двата гасовода моментално не се во функција и не испорачуваат гас од Русија до Европа, но содржат гас под притисок.

    „Секое намерно нарушување на европската енергетска инфраструктура е неприфатливо и ќе се соочи со силен и обединет одговор“, изјави еврокомесарот за надворешна политика Хосеп Борел.

    ЕУ директно не ја обвини Русија за саботажите, за разлика од Украина, која ја обвини за терористички напад. И Кремљ изрази загриженост за истекувањата и не ја исклучи можноста дека станува збор за намерен напад. Шведските и данските сеизмолози забележале подводни експлозии пред да почнат истекувањата.

    „Има причини да бидеме загрижени за безбедносната ситуација во Балтичкото Море. Русија има значително воено присуство во овој регион и очекуваме да продолжи со заканите“, изјави данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков.

    Операторите на гасоводите велат дека е невозможно да се процени кога нивните системи ќе бидат обновени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира